Состојки
- 500 грама компири
- 500 грама моркови
- 1 мал корен целер
- 1 мал корен пашканат
- 1 главица лук
- 1 главица кромид
- 100 грама сенф
- 100 грама ореви
- пола китка магдонос
- сок од половина лимон
- по вкус зачини
За подготовка на овој рецепт користиме Делимано Темпо Престо сад за експрес готвење, Кошница за тестенини, Сад за готвење на пареа и Стаклен капак.
Подготовка
Чекор 1: Компирите, морковите, целерот, пашканатот и кромидот исчистете ги и исечете ги на крупни парчиња. Во садот за експрес готвење ставете ја кошницата за тестенини, наполнете го со 2 литра вода и потоа ставете го садот за готвење на пареа. Во него ставете го исечканиот зеленчук, покријте го со капак и оставете да се готви на пареа 30 минути, или додека не омекне.
Чекор 2: Зеленчукот може да го притиснете со алатка за пире, или да го изблендирате, со тоа што може да оставите и покрупни парченца, за поубава текстура на паштетата.
Чекор 3: Исечкајте ги лукот и оревите на ситни парчиња. На пасираниот зеленчук додадете им ги сенфот, сокот од лимон, лукот, магдоносот, оревите и зачините. Измешајте добро за да добиете хомогена смеса и паштетата е готова!
Чекор 4: Сервирајте ја со омилениот леб, уште подобро да го подготвите сами и да јадете додека лебот е уште топол.
СОВЕТ: Наместо ореви, може да употребите кикирики, или други јатки, а слободно експериментирајте со додавање на друг зеленчук во составот. Ако случајно ви остане од паштетата, може да ја чувате во тегла во фрижидер неколку денови!