Состојки
- 250 грама бело брашно
- Малку сол
- Половина пакување квасец
- 125 милилитри топла вода
- 1 до 2 лажици маслиново масло
За подготовка на овој рецепт користиме Делимано Грил тава и Делимано 15 калапчиња за колачи.
Подготовка
Чекор 1: Ставете ги квасецот и маслиновото масло во топла вода и оставете ги 5 минути за квасецот да се активира. Можете да додадете и малку шеќер ако сакате да го забрзате процесот.
Чекор 2: Кога смесата со квасецот ќе биде готова, сипете ја во длабок сад со брашно и сол. Измешајте ги состојките со лажица и превртете го тестото на работната маса. Убаво измесете го со раце додека да стане мазно и продолжете да го месите уште најмалку 5 минути.
Чекор 3: Ставете го тестото во длабок сад намачкан со масло и покријте го. Оставете го да стасува на топло место еден час.
Чекор 4: Кога тестото ќе стаса, превртете го на површина попрскана со брашно и исукајте го со сукалка до дебелина од 2 сантиметра. Земете ги Делимано калапчињата за колачи и направете различни форми од тестото.
Чекор 5: Загрејте ја грил тавата на висока температура и почнете да ги печете лепчињата. Не морате да додавате масло, но доколку сакате, слободно направете го тоа. Од топлината лепчињата ќе се испечат и малку ќе нараснат. Печете ги најмалку 3 до 4 минути од обете страни.
Овие лепчиња ги сервираме со салата – исечкани печени црвени пиперки, црвен кромид и магдонос, и моцарела и чаен колбас.
СОВЕТ: Овие лепчиња можете да ги испечете и во рерна, но печењето во грил тавата е многу забавно. Интересниte форми ќе ѝм се допаднат на сите гости, а особено на децата. Можете и нив да ги вклучите во подготовката за да почнат да учат да готват.