Чоколадни Бисквити (Chocolate hazelnut crinkles)

Состојки

  • 375 грама брашно
  • 2 лажички прашок за пециво
  • Половина лажичка сол
  • 50 грама маргарин
  • 400 грама нутела
  • 270 грама бел шеќер
  • 80 милилитри млеко
  • 2 јајца
  • Лешници
  • Шеќер во прав

За подготовка на овој рецепт користиме Делимано Сет тави за пица.

Подготовка

Чекор 1: Измешајте ги сувите состојки заедно... Брашното, прашокот за пециво и солта.

Чекор 2: Земете голем длабок сад и измешајте ги маргаринот и нутелата. Мешајте ги додека убаво да се спојат и да добиете крем.

Следен измешајте го шеќерот. Потоа и јајцата, едно по едно, и млекото. На крај измешајте ја и смесата со брашното и ставете ги сите состојки во фрижидер да се изладат околу 2 часа.

Чекор 3: Исечкајте ги лешниците на даска за сечкање. Исечкајте ги ситно со остар нож.

Чекор 4: Извадете ја смесата за биксвити од фрижидер и со лажица вадете малку по малку тесто од садот. Нежно размесете го секое парче тесто со раце додека да добиете топка.

Од овој рецепт се прават околу 30 бисквити.

Чекор 5: Извалкајте ги бисквитите еден по еден прво во сечканите лешници, а потоа во шеќерот во прав. Добивме снег кој се јаде 

Чекор 6: Печете ги бисквитите во рерна на температура од 180 степени 10 минути. Оставете ги малку да се изладат пред да ги сервирате.

Сервирајте неколку бисквити на чинија, се разбира со Божиќни украси!

СОВЕТ: Иако треба да почекате околу 2 часа да се излади смесата, времето потребно за подготовка е само 20 минути. Овие бисквити имаат богати состојки и богат вкус, а толку се едноставни за правење. Тие ќе ѝ дадат Божиќен дух на Вашата трпеза.

3 јануари 2014 - 07:54