Цела печена риба со азиски вкусови

Состојки

  • 2 цели бели риби
  • 1 Лимон
  • 1 главица црвен кромид
  • 1 стапче свеж ѓумбир
  • 2-3 млади кромитчиња
  • 3 големи листови зелена зелка
  • Една рака магдонос
  • Сол и бибер
  • Маслиново масло

Подготовка

Чекор 1: Време е за сецкање: Излупете го и исечкајте го свежиот ѓумбир. Исечкајте го тенко. Следни исечкајте ги младите кромитчиња да бидат растресити. На крај исечкајте го црвениот кромид на кругови.

Чекор 2: Време е да ја приготвиме рибата. Земете ја Делимано тавата за рерна и во неа како основа ставете ги листовите зелена зелка. Следни ставете ги двете свежи риби. Тие треба прво да се излупат и исчистат. И спремни сме за подготовка на рибата за печење.

Засечете ги рибите однадвор. Во засеците ставете ги парчињата ѓумбир. Покријте ги рибите со младо кромитче и црвен кромид.

Додадете и магдонос и парчиња лимон, ставајќи дел од состојките во самата риба.

На крај ставете маслоново масло и соја сос. Овде нема потреба да додавате сол бидејќи соја сосот е природно многу солен.

Чекор 3: Покријте ја рибата со фолија и ставете ја во рерна на температура од 150 степени 20 минути. Кога ќе биде готова извадете ја од рерната и оставете ја да отстои пред да ја извадите фолијата.

Чекор 4: Време е за сервирање: Едноставно земете парче од рибата и ставете ја во чинија. Ставете и доста од другите состојки. За да го задржиме азискиот дух на јадењето, го сервираме со превкусни нудлси со јајца.

СОВЕТ: Убавината на готвењето риба на овој начин е во тоа што можете само да ја расчепкате со нож и вилушка и месото лесно се одвојува од коските. Овие едноставни вкусови се лесно достапни и многу традиционални за азиската храна. Овде оди и ориз како замена за нудлсите.

24 март 2014 - 08:00