Состојки
- 226 грама путер
- 100 грама шеќер
- 230 грама брашно
- 16 грама густин
- 40 грама палента
- Една четвртина лажичка сол
- 50 грама ф’стаци
- 50 грама суви брусници
- 100 грама бело чоколадо
За подготовка на овој рецепт користиме Делимано Сад за сос и Сет тави за пица.
Подготовка
Чекор 1: На почетокот ќе измешаме дел од сувите состојки во длабок сад. Брашното, густинот, палентата и солта.
Чекор 2: Измешајте ги путерот и шеќерот, а потоа ставете ја смесата со брашното и мешајте за да се спојат сите состојки.
Чекор 3: Време е за сецкање: Исчистете ги ф’стаците од лушпите и исечкајте ги на крупни парчиња. Потоа исечкајте ги и сувите брусници, и на крај исечкајте го белото чоколадо.
Чекор 4: Намачкајте ја округлата Делимано тава со путер и потоа во неа ставете ја целата смеса. Притиснете ја смесата за таа рамномерно да ја покрие тавата. Ставете малку брашно на прстите за да ја олесните постапката.
Потоа земете вилушка и целата смеса издупчете ја со вилушката. Печете го колачот 30 минути на температура од 150 степени.
Чекор 5: Во меѓувреме, стопете го белото чоколадо во длабок сад на пареа. Ставете и малку млеко ако сакате да го разредите чоколадото.
Чекор 6: Извадете го колачот од рерна и оставете го малку да се излади. Ставете го белото чоколадо во слаткарска кеса за декорирање и нанесете го врз колачот. Одозгора расфрлете ги сувите брусници и ф’стаците и оставете го чоколадото да се стврдне.
Сервирајте парче колач на чинија. Уживајте!
СОВЕТ: Можете да го менувате односот на палентата и брашното зависно од тоа колку сакате колачот да биде крцкав. Погледнете и други рецепти за брз колач или експериментирајте со состојките за преливот. Брзиот колач е одличен Божиќен подарок за пријателите.