Бисквити со црн пипер

Состојки

  • 170 грама путер
  • 2 супени лажици мед
  • 200 грама шеќер
  • 260 грама брашно
  • 1 супена лажица крупно мелен црн пипер
  • 1 супена лажица пимент
  • 1 јајце
  • 1 рака мелени ореви

За подготовка на овој рецепт користиме Делимано Ростер.

Подготовка

Чекор 1: Изматете ги медот, шеќерот и путерот (на собна температура) со миксер на најголема брзина додека да добиете мазна смеса.

Чекор 2: Додадете го јајцето и убаво промешајте, потоа додадете ги мелените ореви, пиментот и крупно мелениот црн пипер. Нам повеќе ни се допаѓа ако во црниот пипер има и покрупни парчиња.

Чекор 3: На крај додадете го брашното и замесете мазно тесто.

Чекор 4: Покријте го тестото со пластична фолија и оставете го во фрижидер или на ладно место 2 часа.

Чекор 5: Потоа, на набрашнета површина расукајте го тестото за да добиете кора дебела 1 сантиметар и, со калапче во форма по желба, исечете ги бисквитите.

Чекор 6: Ставете ги бисквитите на Делимано Ростер тавата и печете 12 – 15 минути на 160 степени. Поделете ги топли со пријателите во комбинација со кафе.

СОВЕТ: Овие вкусни бисквити се идеални во студените зимски денови, но можете да ги комбинирате и со сирење или џем. Изборот е ваш – уживајте!

13 март 2014 - 12:20