Мене ме убеди

Кога си харизматичен, уверлив, кога имаш што да кажеш и знаеш како тоа да го изведеш, кога те бива... едноставно - те бива!

Порноначелник на Зеница

Независниот кандидат за градоначалник на Зеница Мирад Хаџиахметовиќ е еден од оние живописни ликови кои  ги освежуваат стерилните изборни понуди во балканските вукојебини. Каков што беше Спанаќо кај нас или стариот Шеќеровски во Србија. Концептот на Мирад лесно се памти по неговиот сајт кој е поделен на два дела: дел за медиуми и дел со порно клипови.

Медиумско пакијетче

Читатели на Јутарњи лист и пар други хрватски весници и портали составиле добра збирка небулозни наслови кои се објавуваат во земјата во која пред да зацаруваат таблоидите, постоеа врвни новинарски производи.