Како што гледате, делот за возрасни (на кој можете да влезете само доколку точно одговорите на едно ужасно тешко прашање) е поделен на три дела: клипови кои му се допаѓаат на градоначалникот, клипови за девојки и гееви и клипови за момци и лезбејки.
Најдобар штос е тоа што ако сакаш да ѕирнеш некој клип, треба прво да одговориш на трик прашање!
Инаку, Мирад пишувал предлог мерки за подобрување на економската состојба во БиХ, бил естраден менаџер, ја поддржал Јадранка Косор со еротски календар, а како исклучително надарен човек е автор на 12 иновации.
Посебно е горд на наградата на Сојузот на научници на Малезија (?), знае како да се намали влажноста на воздухот во близина на хидроакумулации, смислил нова даска за сурфање, побрз начин на тетовирање со помош на стикери и потполно нов музички инструмент кој наскоро ќе го промовира позната дива која ја држи во тајност.
Па браво!