Како Мате и Фахрудин го опљачкаа Кирк Даглас

„Боро и Рамиз“ во старата држава беа синоним за тоа како различната етничка припадност е небитна пред другарството, слободарскиот дух и желбата да се победи заедничкиот непријател. Но, тоа братство- единство знаело да биде склопено и за поприземни каузи и мотиви. Се враќаме во 1984 година, во Сараево.

Каде бе, душмани?

Една од најмалку познатите епизоди од Втората светска војна е голготата на германската армија низ Македонија. Таму горе кај Ѓердап, Србија, им требало засилување против Црвената армија за чување на Белград. Решиле да довлечат масовна војска од 350.000 луѓе од Грција и мислеле дека Македонија ќе ја поминат за неколку дена. Останале 4 месеци! Капа долу за македонските партизани! 

Хрватска ќе има нов систем на наплата на патарини

Наместо чмаење на Лучко и други патарини, Хрватска планира да го замени системот „stop& go“ со наплата „во од“, преку ENC или камери, после пријавување на регистрацијата и покажување картичка за да ја снимат. Системот ќе биде имплементиран на сите 1.431 км. автопатишта, ќе има 140 ленти за брза регистрација и 208 наплатни точки. За 80 милиони евра, почнува во 2006-та година. Ние, како?