Едикојси против Петрета Андреевски

Да докажуваш дека Петре заслужува минимална почит од сопствениот народ, е како да докажуваш дека Сонцето свети. Е па, свети. Нема да го угаснете ни со влага, ни со мемла, ни со молк и бојкот. Молкот и бојкотот се само духовна мемла.

Пчелар на денот

Ах, колку ни фалат вакви ликови, како од Шампионите на Шутка, Ноќна мора, Балкан Експрес... Драстично различни од конфекциското лигавење на оние кои господарат на скроловите, сосема свои, необични, уникатни. Дечкото има читано дека пчелата има две регуларни очи ама на багремова паша отвора и трето око. А после прави ѕууу -ѕууу... 

Бугарска битка за невестата

Некои луѓе уживаат во она одење по невестата, па буткање врати, па ценкање и пазарење....За други, тоа е веројатно најтрауматичниот дел од сите свадбени ритуали. Во Бугарија, таа операција знае да биде дигната на ниво на анти-терористичка операција. Глејте ги со колку страст го прават тоа, мислиш Сидни Свини ќе ја грабаат. Добро, а каков е адетот, портата кој ја плаќа?