RIP Даниел Милошевски

"Мислам дека работава ја зезна ваерлесот. Додека одеше жичано, некако одеа работите. Имаше повеќе смисол... Сега целиот ден е работно време."

Даниел Милошевски, Авалон

Три златни правила на дебатирање

1. Никогаш не попуштај.
2. Држи се до своето ко слеп за стап.
3. Гледај последната да е твоја.
Демонстранти: Тома Николиќ и Ненад Чанак. 

Мајка усисала Миќка

Антички стара но безвремено генијална црногорска реклама против дрогите. Имале прикладен и коректен слоган: "Не дозволете животот да ве вцица". Како тој слоган го пренеле во приказна? Директ, да пододирект не може. Тоа е тоа!