Подржете го Дамир Пух на Guitar Idol

Нашиов ја минал елминационата фаза и сега е во ТОП 100 листата. Понатаму останува на жирито и на вашите гласови. Свири своја песна, чујте го како ја топе па гласајте.

Груевски да се произнесе дали се сретна со овој човек

На горенаведениот му дадовме фора од цели 8 години да го прими овој човек и да поразговарат како колеги. Дали тоа се случи, што било разговарано а што заклучено (а сето тоа живо нè занима), нека седне и нека ни раскаже на меил. Ако не па тој, нека ни пише дипломираниот економист Игор, авторот на предупредувачкото писмо "Јебали смо јежа', кое го вадиме од нафталин, да не помисли некој дека имаме памтење ко просечен македонски медиум.

Какви сè музики преживеавме

Кога човек слуша денешни срања од музика, може крајно наивно да помисли дека е тоа ексклузивитет на ова време, дека порано не можело такво нешто јер се знаел некаков ред и имало некои стандарди. Ево вам га на: 1987-ма година, група Присобрани. Џемпер - баклава, молитва - рисјанска, хумор - неиздржлив.