Неодамна пренесовме реакција на преведувачка, во која таа се оградува од финалниот превод на „Хаклбери Фин", издадена во рамки на проектот „Ѕвезди на светската книжевност". Причина: книгата која е преведувана на колоквијален јазик, онака како што и ја пишувал Марк Твен, е лекторирана и трансформирана во литературен без знаење и одобрување на преведувачот.