Лепи дроне мој

Српско ток-шоу соочување и помирување со летот на дронот. Водителот се вика Зоран Кесиќ и врши одлична работа во спрдање со српското секојдневие.

Водно, извини

Во недела Водно е единственото парче пристоен воздух во Скопје. И тоа го знаат премногу луѓе. И сите имаат кола! Побогу! Да имаше нозе, Водно ќе ни избегаше во Мариово.

Како сум систематски уништен од идиоти

Решивме да го ставиме овој пристоен филмски наслов дури откако ги испукавме сите пцовки на адреса на македонскиот образовен систем и сите надлежни кои биле вклучени во овој учебник за "Граѓанско образование" за осмо одделение (наводници никогаш не биле попотрeбни). Одиме со еден жолт детал на страна 14, да видите со каква ментална храна се трујат младите додека Владата спрема 450.000 евра за кампања за здрава исхрана.

Шиптарчето Дарко

Дарко Митревски објаснува зошто е апсолутно рамнодушен кон Албанците. Па сепак, писмото околу срањата што се случија на натпреварот Србија- Албанија го потпишува како Дарчо Шиптарчо. Зошто? Како и секој пристоен човек, заради инает на ајваните во своите редови.

Апостолски има нов брилијантен мешап

Том Џонс и Шоте мори Шоте! Си се сакаат ко братче и сестриче. Браос друже!

Громовно оро

Свадба. Го пропуштаат правото, пропуштаат шест напред три назад, пропуштаат Пајдушко и Елено моме... На ред доаѓа AC/DC и цела маса ти ја снемува! Бугарија.