Студенти - бољи, лепши, паметнији

Видео обраќање на македонските студенти на разни јазици, за да ги разберат и оние кои сакаат да се прават Енглези.

Изгледа дека она што владата го подразбира под „јавна расправа" е (консензуален) разговор на министрите и премиерот пред камери. Покрај сите "јавни дебати", свесно прекршување на законите, како и целосното игнорирање на Студентскиот пленум како и на самите универзитети, ние не се откажуваме!

Драги граѓани, студенти, професори, родители, средношколци, професори и пензионери да не дозволиме овој монолог на владата да продолжи! Студенти, да си го освоиме образованието назад!

Ова е моментот кога треба да искажеме револт не само поради лошите реформи, туку и затоа што сопствената држава без срам не игнорира, дрско ни се потсмева, невешто не заокружува.
Затоа во петок, сите на протест! Помасовно, побунтовно и покреативно, затоа што сите заедно сме посилни!

повеќе

 

26 декември 2014 - 08:38