Проверка да, државен не

Наш професор од еден дански Универзитет нуди неколку многу пристојни решенија за решавање на тензијата околу државниот испит. Веднаш да ги разочараме оние што со секира би пресекувале секаков проблем, нема тука ништо "спектакуларно". Пристојните решенија секогаш поздразбираат разум, трпение и упорност, работи кои на држачите на секири отсекогаш им биле просто - досадни.

Мала ноќна а српска музика

Ако еден национален јазик може да биде ранет со негова злоупотреба, тогаш јазикот на кој Гете го беше напишал Фауст, после оваа песна е мртов. Рилке, Хајне, Фихте, Шелинг, Бекенбауер, ... примете го нашето најискрено сочувство.

Тргајте канџите од јазикот!

Таман кога помисливме дека нашата приказна за подземниот комисиски интервенционизам во македонскиот јазик (види овде) ќе остане премолчена и од медиумите и од фелата (добивме само приватни реакции од типот "Ах, што сè знам за таквото издаваштво, да решам да отворам уста..." ок, тенкју енд факју), стигна педантна, писмена и одважна реакција која ја брани честа на јазикољупците: "Ма дајте, луѓе, УГРИЗ НА СОВЕСТА? Сериозно? Ако ми најдете еден човек во цела Македонија што некогаш во својот живот доброволно рекол „Имам угриз на совеста", а не е член на комисијата, јас од угриз ќе се фрлам во првото крукче во Вардар!"

Го знаете ли Кале?

На сцената се појави пред повеќе од 10 години. И нејасно е како покрај ваков стиховен горостас некои сè уште се осмелуваат да се занимаваат со хип-хоп. Невиден фристајл мајстор на овие простори и гранитна морална вертикала на Балканот!