Пророштвото на Тома Николиќ

Српскиот претседател реши со кинескиот премиер да го сподели старото креманско пророштво кое вели: "ќе дојдат жолти луѓе од исток и ќе пијат вода од Морава..." Неговиот идеолошки близнак по прашање на четништвото, Бора Чорба, своевремено исто имаше што да каже за Морава.

Коста Бургов, вонреден диџеј во Трендоленд

Ем е комплетен индивидуалец ем не го личи да биде во друштво со секакви. Навикнат е тој само со калибри како Грејс Кели, Ава Гарднер, Џемс Дин.... Кога првпат го побаравме неговиот музички избор, ни прати седум ремикса, секој од по саат ипол! По некое време смогнавме сили уште еднаш да му побараме ПЕСНИ и успеавме да намалиме кубикажа. Еве ги неговите фаворити, секој проследен со негов автентичен коментар зошто ја одбрал токму таа песна и што таа нему му значи.

Збогум Игоре

„Јас кон смртта имам амбивалентен однос, со оваа книга затворам еден круг. Смртта ме привлекувала затоа што е мрачна и табуизирана. Не само чинот на умирање, туку и пост-фестум, отпис од регистар на живи, погребот, опелото. Сите тие драматуршки моменти, се интересни како чин. Немам јас страв од смртта."