Уште имало некакви знаци на живот во Македонија. За среќа, преживеаниот се вика стрип. Ајвармен е лик креиран од Давор Драмиќанин (сценарио) и Игор Јовчевски (цртеж). Еден од главните противници му е Томатон а во албумот ги има и националниот супер херој Македон,лесковачкиот јунак Роштиљач...
Порано се правеа со Пато, сега со новиве материјали. Кул. Проблем е кога ќе се сетите дека порано чекавме ново видео со Северина, сега чекаме ново аудио со Јанкуловска. Јак ни е напредоков, а?
Наш дечко нарачал нешто од АлиЕкспрес ама ни после два месеца не му стигнало тоа па решпил да им пише. Наидува на изворно кинеска корисничка поддршка чиј одговор е ју-хууу! Пробајте да го читате со неговиот кутар кинески глас (а супер ферцера и со индијски Апу акцент).
Еднаш веќе ја анализиравме пазарната ситуација во сферата на интимните контакти (види: Каков секс бара Македонија?). Овојпат работата ни ја завршил читател кој собрал дузина курентни понуди и побарувачки. Сите за Македонија засекирани, тие за курот си гледаат :)
Ако е вака кога ќе влеземе во ЕУ, тогаш ич да не влегуваме. Шала, шала, ова е кога ќе загребеш под европската глазура на Балканот. Двајца стравично развеселени другарчиња за кои веќе дошол крајот на светот па нема од што да се срамат утре. Армагедон!
Седум и нешто минутен тајм лапс посветен на градот на конзулите, Фолтинци и Димса, Каролина, Крсте од Њујорк, Стребре од Епинал, Лео што се женеше лани, Коче кој ќе се жени во мај и сите други фиљан луѓе што ги знаеме од таму.