Ослободувањето на Скопје 1

Паричката е во воздух, петка или глава?

Земи ја гитарата во свои раце

Уште не можеме да ѝ се изнаслушаме на колективната распаљотка на 17 македонски гитаристи (види "Таа моја гитарска Македонија") а бандата, во помали групи, продолжува да вози. Во случајов ги имаме Дамир Пух и Игор Станоески (Иги ман) со Dirt Road, песна која ќе сакате да ја имате при себе на патување, без разлика дали се тандркате по стариот пат кај Дебар или лизгате по Routе 66.

Епа, доста беше

Ако Груевски, Мијалков, Јанкулоска, Бучковски, Заев, Јанакиески или кој било политичар не ожнее што посеал, која е пораката? Дека грабежите и местенките се надмината работа? Што ќе биде следното ако ова не се казнува, политичарите може да прејдат на педофилија или канибализам? Или и за тоа ќе им дадат имунитет?

Кого го имаме на теренот?

Еднооки имаат еден одличен тазе скеч (на тема како вергла пропагандата) во кој во еден момент Латас ја најавува следната содржина со зборовите "На теренот го имаме најглупиот новинар". Еднооки се лузери. Се мачат, цртаат, анимираат, мозгаат.... Другари, кај може бе тоа боље од што е стварно?

Србија до Северна Кореја

Локални избори во Србија, кандидат за претседател на некоја општина сред никаде, еуфорично уверен во својата победа ги поздравува пристуните со веројатно најпогрешната метафора што човек може да ја смисли. Објаснувањето само го дополнува впечатокот.

Ниче Македон и ајкулата

Нашиот Ниче Димовски настрадал на чуден но крајно авантуристички начин. Гњуреле некаде во средна Америка (?), им се појавила голема ајкула (??) па ги извадиле пребрзо. Изгубил третина од плуќата (лево крило), но засега е добар, само што - не се сеќава. Значи ние Македонците глава не можеме од бељи да дигнеме!