Кога се гледа бурлеската во живо

За ако некој некогаш случајно ме праша каде сум бил кога една држава се заебавала со својата суштина, да му одговорам дека во живо, таа бурлеска всушност е чиста трагедија.

Човекот кој треба да живее сто години

Сарајлијата Един Адиловиќ (инаку доктор ветеринар) го имавме и порано а неодамна со оној пост-референдумски виц, ама човекот заслужува пакетче. Бидејќи е неодолив баш со една карактеристика која инаку ужасно нè нервира кај други, сами да се кезат на вицовите што ги кажуваат. Е, ама Един не само што пука од смеење, туку едвај дочекува да дојде крајот! Па знае и да забрза, само за да ја „чуе“ финтата. Каков цар.

Не е лесно да си Орданоски

Има една стара приказна од Сител која оди вака: Ѕинго еден ден доаѓа на работа во Собрание и по некое време сфаќа дека неговиве коалициони партнери некако ладни, го избегнуваат.