Па можно ли е: Уште еден Пато

Убаво напишавме последниот пат. Оној оригиналниот Пато не беше инцидент туку најава.

Бегство во реалноста

Жената е новоизбрана директорка на српскиот музеј Никола Тесла и има една генијална теза: дека луѓето ги забораваат вистинските вредности и содржини како што се Крале Марко, првиот и вторит косовски бој и слично. И наместо тоа, решаваат да живеат во реалноста која е полна со - илузии. Тину-нину.

Охридско ехо

Градоначалникот Јован Стојаноски цела година читал препишани говори од неговиот претходник Никола Бакрачески. Е не, нови ќе ви смислуваат.

Пинки ја виде Колинда

Лидер е веднаш да ти најде решение за проблемот или барем да те натера да размислуваш „Out of the box“. Така, по теркот на Марија Антоанета и нејзината славна алтернатива на лебот - колачите, хрватската претседателка, на учениците кои ѝ рекоа дека најмногу им фали сала за физичко, им ги отвори чакрите со: Затоа имате ливада!