Станица за која навиваме: Радио Пела

Требаше да налетаме на прилог на Ал Џезиера за да дознаеме што имаме по дома. Две македонски новинарки, пред година дена решаваат да ја покренат единствената рурална станица во Македонија. Па браво, почнал и подмладок да доаѓа. Не им ја знаеме програмата ама концептот ни е одамна познат: прави го она што го сакаш и знаеш и не заборавај дека без разлика дал си урбан или рурал, најмногу ќе те замараат копита.

****
Ако внимателно го проследите прилогот, ќе приметите дека во него има еден наш стар и драг зналац.

п.с. и тоа не е сè.

14 јануари 2019 - 16:25