Грешка со географско потекло

Во телевизиски квиз треба да се погоди наслов на филм од браќата Коен. Се работи за филмот No Country for Old Men. Дечкото го греши името на филмот на таков начин што веднаш ти станува јасно во која земја се случува сцената.

Босна не се дава

Историјата на Босна најчесто е пишувана во Загреб и Белград (ви текнуе?). Овој проект е обид за нешто поинакво. Филм за средновековна Босна, која не ферма како на тоа гледаат Загреб и Белград, а богами и факинг Париз.

Прашањето на кое уште нема одговор

Иако јавно е поставено е пред повеќе од десет години, од тогаш до ден - денес ова прашање нема добиено одговор. Своевремено се надевавме во развојот на вештачката интелигенција но полека губиме надеж... Има ли јунак кој ќе го дешифрира овој наш преубав камен од Розета? 

Што да правам, тоа ми се падна

„Тркало на среќата“ е генијален балкaнски изум кој комплетно ги објективизира одлуките на еден маж, го ослободува од одговорност за постапките и му дава имунитет против тешките обвинувања дека прави што сака.

Македонија игра на долги патеки

Потресно видeо за тоа како македонските политички елити (лелеј како нереално звучи ова) не се откажуваат лесно. Штом влезат во трка (септември 1996), штом се пробијат во топ 10, се држат ѕверски и со натчовечки напори нè оддржуваат на листата. Уште да видите за што се работи.