******
Луѓе, ме иритира зошто не реагирате на оваа информација? Не е ова само демек наше сонце, ова сонце може некој ако му се допаѓа како дизајн да го искористи и во Јапонија, и во Канада и на Марс. Но како бре останувате рамнодушни на тоа дека седиме дома како во затвор, некои и без храна, а некои се дрзнале фрлени пари за убав плоштад, да уништуваат со брусилици?
Ова не знам како го варите, за колку пари се продава душата бре? Ајде ако треба и душата да ја дадеме на кантар, па некој локален тезгарош да нè вага. Звукот на парата и мирисот на лебот се фини на уво и нос, но во реалноста немаат цена, оти на крајот остануваш сиромав и гладен.
Да требаше да се оговара Боки 13, цел интернет ќе паднеше, ама нели скопска чаршија се менува, сега плоштад се брусе, ова е сосема небитно.
Дај да не се правиме будали!
Митко Гогов, поет.