#СедиДома, народни наравоученија

Од разбирливи причини, песнава нè дирна со својот почеток (излегу да се расшета) ама за беља ја оставивме до крај за да сфатиме дека е една од побруталните народни песни кои сме ги чуле (а сме слушнале секакви). Пазете ја вие таа клетва, колку таа трае и како се излегува од неа откако ќе ја одлежиш. Седите дома, индид.

Је Suis Banja Luka

Надлежен од Бања Лука се жали како луѓето не се свесни за сериозноста на ситуацијата. Вчера им било побарано да обезбедат ракија. Вчера за вчера. Денес имаaт друга - многу логична - нарачка.

Татко и син во комуникација

Седат заедно во кола, ама секој во својот свет. Младиот ги кажува клучните зборови на својата генерација (сабскрајб, шер, лајк...), стариот решава да го појача она што го слушнал, со свои предлози. Последниот збор го има стариот.