Твитерџијата e @Monocer0tis (Кафански рокер).
Објавува јутјуб линк до песната „Нешто ќе те питам бабо“ од Некст Тајм.
Кафанскиот рокер става придружна порака „На душата ѝ е убаво.“
Ама, не само на неговата душа! На истата емоција, со скромен и громогласен лајк, од својот официјален твитер профил се придружува Радмила Шеќеринска.
??????
Да де! Како, што, комплетна мистерија! Додека некој не ја праша а таа не се смилува да ни признае дали емоцијата уште ја држи, нашата верзија е дека биле со Боки во Маврово, првично решени до зори да дискутираат предлог закони и евро-интеграции ама тргнало рујно вино, чист мавровски воздух и во некој момент (како оној во From Dusk Till Dawn), работите целосно се испретумбале. Рада се претворила во Сирма Војвода а Боки малку се лутел пошто и он сакал во истата но му поминало. Ама стварно, можете ли да замислите колку им било јако?
Еве овде, а овде архивирано, во случај да го скинат ради нешто.
**********
Животиште, не знаеш каде ќе те однесе.