Каква људина било тоа

Внук ја носи баба му на зрачење. Лежи старата позади во колата, снеможена од болеста и терапијата. На бензиска станица внуков го здогледува Халид Бешлиќ, му оди и му кажува што е работата, дека старата е лошо и физички и психички и дали може да дојде и барем да ја поздрави, да ја дигне малку во расположението. Гледајте го сега царот што прави. Тоа биле нејзините последни денови.

Никој нема да биде „Халид наместо Халид“

„Ни отиде Халид. Го оплакуваат луѓе од трајно раскараните и завојувани страни. Го жалат и оние кои би ги развеселило кога би умрел секој друг кого оние другине го жалат“, напиша деновиве Миљенко Јерговиќ по веста за заминувањето на легендарниот пејач кој повеќе сакаше да го паметат како добар човек.