
Си ветив дека повеќе нема да се мешам во „македонските работи“, но кога читам глупости што доаѓаат од Македонија, морам.
Прво, како македонист а потоа и како човек што ја познава македонската револуционерна историја многу подобро од сите тие идиотски политичари кои немаат поим ниту за историјата на својата земја, ниту за нејзините историски личности.
Какви се сега тоа лудории околу Гоце Делчев? Зошто, господо политичари, сега и тој не ви е добар? Викате Бугарин и не се срамите од тоа.
Срам да ви е!
За неговото време можете да зборувате само од аспект на тоа време и историски прилики односно неприлики за Македонија. Човекот кој беше упорен и доследен бранител на ставот дека Македонија и Одринска Тракија мора сами да се ослободат, без влијание и помош од надворешни фактори, кој ја бранеше идејата за автономна и слободна Македонија, кој сфаќаше дека „елитата“ е продолжена рака на бугарската официјална политика, кој беше огорчен противник на постоењето на Врховниот комитет од Софија, како „паралелен“ штаб за ослободување на Македонија, тој човек да се нарекува Бугарин?
Ве молам, бидете разумни, читајте ја и проучувајте ја вашата историја и не ја користете за дневнополитички борби. Никогаш - повторувам, никогаш - Бугарите, или поточно бугарската официјална политика, не сакале Македонци, никогаш. Тие тоа не го сакаат ни денес.
Знаете зошто на волкот му е дебел вратот....
И памет во глава, во комшиите немате пријатели. Од политичарите немате фајде, сè се тоа слабаци и ниедна харизамтична личност.
А таков беше Делчев. Харизматичен водач, воен стратег, воен лидер, просветен работник и љубител на книги, бидејќи веруваше дека пишаниот збор носи голема моќ, што практично го докажа Рацин со својот јазик и темата на неговата збирка „Бели мугри“.
Не си играјте со вашите великани, почитувајте ги и славете ги и учете од нив, бидејќи тие се обиделе и направиле нешто.
Види и:
Драги мои Македонци, сè ви е напишано, само што не читате
Бугарска елито, дајте приберете се
Македонистот Калоѓера дигна раце од Македонија
