Малку почит, реципроцитет и доследност

Она што е збунувачки е како Македонија продолжува да игра според правилата... а сепак се третира како црна овца во семејството. Не станува збор за одбивање на реформи или отфрлање на Европа - далеку од тоа. Мицкоски јасно стави до знаење дека иднината на Македонија е во ЕУ. Само не по цена на откажување од уште еден екстремитет. 

Одговор на нулта ниво мозок

Додека науката и светот мозгааат како да го спречат најавеното подигнување на нивото на морињата и океаните, одговорот и виновниците сето ова време ни биле пред очи. Криви се децата кои фрлаат камчиња во море, со што проблемот само се влошува а со текот на години - се таложи. Решението е јасно, наместо да се фрлаат, камчиња треба да се вадат од водата. После Архимед, ваква генијалност не е видена.

Добрата финта далеку се слуша

Лака во моментов води еден симпатичен подкаст „Опет Лака“ но одамна е јасно дека дечкото од Горажде не под винкла (во најдобра смисла). Една стара сцена со него, кога бута грав (како да нема утре) и како тој почнува да губи осет дали јаде во програма или надвор од програма, водителката се пика во фрижидерот за да го сокрие смеењето. И тука Лака закуцува легендарна реплика.

Кога министер би бил искрен

- Не мрдам од функција додека мојот пра-пра-правнук не биде милионер. - Дали е тоа коректно кон граѓаните? - Кои граѓани? Па тоа све сељачишта се.... Така тече ова интервју за кое, да не се објаснуваме после со оние кои нема да ја регистрираат иронијата и сарказмот, одма да кажеме дека, за жал, човекот не е министер туку се работи за босанскиот глумец Мирза Мушија. А убаво би било кога стварно...