Има ли шинтер за Гинтер?

Кога првпат ве запознававме со Гинтер Фелингер, го опишавме како „австриска НВО бубашваба“. Не само што не сме згрешиле туку и - малку му е. Ако тогаш ги провоцираше Србите мавтајќи им со НАТО знаме на денот кога таму се палат свеќи за жртвите на бомбардирањата, сега, на 11 октомври побара од Македонија да се откаже од својот национален празник.  

Пантелија не е за шеќераши

Огромна торта долга најмалку два метра, од неа излегува бел дим, околу неа пршти огномет а во салата свири оркестар. Личи на класична балканска теревенка само што во случајов, тортата е во облик на мртовечки сандак а оркестарот е оној што свири на погреби. Каде? Во Србија, нормално.  

Арзије се врати дома

По седум и пол децении, баба Арзије Курт повторно го почувствува воздухот на своето детство. На 95-годишна возраст, таа се врати во својата земја, што ја напуштила како млада девојка, а никогаш не престанала да ја носи во срцето. Арзије е од Водоврати, Градско.