Детско село, не бидете сељачишта

Почитувани, од новогодишните северни честитки би сакал да споделам со вас два примера кои ме изреволтираа многу па ги споделувам кај вас како ретко почитуван портал од моја страна.

Денот кога бугарските полицајци плачеа

Бугарската полиција во акција да спастри некакви анти-ваксерски демонстрации во Софија. Во еден момент, полицијата добива наредба да употреби солзавец. Во истиот момент, ветерот добива наредба да смени правец. Бугари немаат волку плачено откако Лепа Брена им откажуваше концерти без да објасни зошто.

Моќна руска верзија на Калеш Анѓа

Кога ја слушаш Калеш Анѓа, ти доаѓа убаво поради тој прочуен непокор. Кога слушаш руска верзија на Калеш Анѓа, не ти доаѓа само тоа. Ти доаѓа фронтално да тргнеш на беговите и нивните сараји со кои ден-денес ја лажат нашата Анѓа.