Првата е од СОС Детско Село, место од каде долги години наназад нарачувам новогодишни честитки, од кои голем дел ги праќав и во странство. По оваа одвратно несфатлива самоцензура која оди до неверојатни граници (промена има и на самите честитки) им пишав дека традицијата ја прекинувам и дека честитки повеќе од нив не нарачувам. Не се потресувам дека тоа некого таму ќе погоди, ама јас револтот од нивната политика (никако од нивните активности кон дечињата) ќе го изразам со понатамошно игнорирање на институцијата.
За втората само ќе кажам дека ете не знаев дека сè на "М" во државава е цензурирано, дури и имиња на населени места.
Со почит,
Бобан