Разно

Вистината за училиштата ја знаат децата

На наши деца им дале задача да напишат дијалог во врска со школото. Шесто или седмо одделение, небитно. Битно e ова: на малите сè им е јасно. Од прв до последен ред.

Жаргон точка мк

Наместо уште еден од илјадниците истоветни - шокантно, ексклузивно, нема да ви се верува - портали и нивната убиствена уредувачка шема (дневно политикантство, естрада, хороскоп, црна хроника, лекови што лечат рак за 7 минути)  еве еден сајт кој најзад се занимава со нормална тема. Анонимни корисници полнат македонски речник со сленг, жаргони, фрази. И има факинг брилијантни термини и објаснувања. Па браво, па најбраво.

Докторе, дај од тоа гласот на Марта

Македонска дијаспорa не е само Koy prf zamina. Ама и Крсте не е сам. "Да сум бистра вода" изведена од групата Enthusiasm а отпеана од Марта Костурска, глас кој ќе ви ги пополни сите фуги во душата.

Детска лекција по искреност

Само најотворена и најневина доза отвореност и искреност може да нè цимне и да нè потсети во какви окови на "зрелоста" ние живееме. А таква доза може да ти приушти само дете. Домашната работа на еден наш клинец на тема "Мојот живот"

Фејсбучење

Како и што претпоставивме пред некое време (види: За нашата уредувачка политика во 2016) доаѓаат моменти за јуначење, кога по којзнае кој пат од длабочините на кацата ќе испливаат најјаките. Каде се обично денес тие? На Фејсбук. Некогаш на такви јунаци знаеме да им помогнеме.

Дуелот Бранко - Љубчо како дијазепам

Дуелите на овие двајца ги памтиме како едни од повалканите во тв историјата, со полно удари под појас: eдниот за навиките на другиот, другиот за дијагнозите на првиот, кој шише виски, кој облекувал униформи... Па сепак, години подоцна, ова нивното изгледа како цивилизирана дебата во Шведска. Само на аудио ниво видеово е доволно да ве смири: зборуваат еден по друг, се сослушуваат, нема пенавење. Па не е ваљда дека еден ден ќе крикнеме: Вратете се, сè ви е простено?

Ќе дојде Полјак и ќе ти отвори очи

Видеото остава фино чувство од две причини. Дечкото (Матеуш Кановник) е од филмска академија и знае што прави. Нема анкета со граѓани.

Македонски зелник на хрватска трпеза

Кулинарика е хрватски сајт популарен на просторите на екс ју (нема човек што се вртка во кујна а да нема наидено на него) а таму македонските домаќинки знаат достојно да ги бранат боите и вкусовите на нашата кујна. Освен кога, како во следниот рецепт, не го оставаат просечниот познавач на хрватско - српскиот јазик со блага вртоглавица додека мозга што ли значи упатството: "Se sucat korite se redat na stol. Posleden se suci najveci..." 

Во чест на Илија Ѓорѓевиќ

Два дела од филмот за него и пар тв репортажи за човекот кој живее близу Скопје, раат со себе и со животните кои ги чува. "- Што прават кокошките кога ќе престанат да несат јајца? - Па, одат во пензија и живеат од минатиот труд". Секоја чест. 

Поп на денот

Наводно се работи за црногорски свештеник од еден манастир близу Будва кој е познат по духовни предавања кои луѓето масовно ги посетуваат. Да не речеме, навлечени се на нив. Кратко сиже од богослужбата: Небото над нас е затворено, водата е прескапа... и тоа не е сè.

Ајвани од сите марки, тргнете се

Скопје стана град на велосипеди. Само пар дена да прошеташ со точак по него е доволно да се наполниш со фотографии од велосипедски патеки..

Пржински виц

Сменете тројца со четворица и кај и да е, ќе се најде вицов за некоја наредна средба во Пржино. Јебало нас Пржино.

Водици какви што немате видено

Не негде џенем туку тука, на Треска. Све е исто како на нормалните Водици, само што - не е исто. Чиста психоделија. Свири Мизар, визуелни ефекти од ПП апарат, попот е лажен а по крстот се фрла хирург, Дедо Мраз (вистинскиот) и плејада други супер расположени ликови. И после се вози свадбено украсен точак?! Сакаме и ние од тие дроги!

Смоук он д саншајн оф јор лав!

Аудио генералот Апостолски има нов мешап. Овојпат не е народњачки ама ќе им се бендиса на постари рокери. Cream vs. Deep Purple. Како ќе звучеа Крим ако го имаа Гилан за пејач. Многу махерски.

Љубов бара, Клуни вади

На овој скопјанец (Марјан Марио Арсовски) на крај памет не му паѓа да се плетка во овдешниве колумнистички лапрдања кој зошто се отселил од Македонија. Тој работи во италијанскиот ресторан Patsy's во Њујорк а од фотографиите се гледа дека секојдневно умира од мака што не може да угости некого од 'скопскиот крем'.

Битола, цареви

Една песна и еден коментар на песната, двете работи мејд ин Битола.

Кога ќе се фати "дунда"

Наш дечко кој студира дизајн на звук во Ванкувер, го позајмил својот глас за анимирано филмче на свој колега од Венецуела. Ликот му дозволувал да зборува на непостоечки јазик а тој уфрлал македонски зборови во репликите. 

Тино Кајшаров за крај на 2015

Каква луда и халуциногена беше оваа 2015-та година, ни се чини најсоодветно да ја затвориме со песна од Тино Кајшаров. Наравоучението гласи: Не трчајте, ќе го утнете.

Среќни празници, убави луѓе

Прво сакавме да ви ги покажеме најчитаните 2015 статии на офф.нет во оваа 2015-та година па ни се виде многу работа. Наместо тоа, ѕирнете по 15 најчитани содржини на луѓето кои пишуваат на сајтот. Благодарност до сите оние кои праќаа меилови и пораки и на поинаков начин ни набацуваа содржини кои ги пакувавме и споделувавме со читателите. Од нас, за годинава, толку.