Парламентарен Типстер!

Погоди го парламентот и...

Одиме уште еднаш со нашиот Парламентарен типстер. Го правите она што деновиве и онака го правите (гаѓате кој колку места ќе освои во Собранието), само што со нас можете да видите ќар од таа своја способност.

Минатиот пат (на изборите во 2014) од нашите читатели беа пополнети околу 162.000 парламентарни фотелји и тогаш „колективниот ум“ се покажа како извонреден прогнозер на составот на Собранието (беа утнати најмногу по 2-3 позиции по партија и коалиција).

Да видиме дали сме станати уште подобри од тогаш.

Важно: ПОДАРОЦИ!

Обезбедени. Сме давале и поскапи награди, но никогаш како сега не сме биле во толкаво искушение да ги наместиме за нас. За да ве осигураме и вас и самите себе дека нема да потклекнеме, сакаме да ве информираме дека уште сега се резервирани два комплета награди (освен брокулата), еден за победникот и еден за организаторот.

Поштено, фер и кредибилно.

ИГРИТЕ МОЖАТ ДА ЗАПОЧНАТ!

29 ноември 2016 - 15:14