Дали сте за тоа Македонија да поднесе барање за приклучување кон Соединетите Американски Држави, со право да остварува слободна политичка и економска соработка со земјите од ЕУ, но, по потреба, да кокетира и со Русија, Кина и другите држави?
Предлог-други активности после референдумот:
- Велес да се преименува во Трампов Велес и да си ја врати автоознаката "TV".
- Покрај македонскиот и албанскиот, и англискиот јазик да биде службен јазик, со задолжителна употреба во државните институции, на Фејсбук и Твитер и во градски автобус. (*)
(*) - пензионерите ќе продолжат да се возат бесплатно, но ќе мора да поседуваат TOEFL или IELTS сертификат.
- McDonalds да се врати во Македонија со одлука на Претседателот.
- Хорхе да добие функција „Почесен Гувернер и Виш поправач на радија на Македонија“.
* Бонус за позитивен одглас на петицијата:
* Дополнете сè што мислете дека е потребно тука