Разно

Чукаме на врата на загрижените активисти

Ние дијаспората никогаш не сме ја мазеле (има таму разна багра, нормално) ама количината омаловажување која деновиве се упати на нивна адреса само затоа што протестирале за зачуувување на името (нешто за кое овде цели 25 години беа сите), просто е фрапантна. Да видиме како до вчера се оплакуваа оние што морале да заминат а како е денес.

Тома Жила да нè научи нешто за нас и нашата работа

Томе Жила е ѓубреџија од Гевгелија. Не е тоа некоја професија за која се сонува, нели? Ама Томе Жила истовремено е и зен мајстор, кој сфатил дека ако веќе човек не може да ја смени работата, тогаш може барем да ужива во неа.

Мали приземни разговори

Повод: Елон Маск создаде историја на човештвото (тука).

Реплика на денот

Заев: Подготвени сме за име со географска одредница.
Апасиев: Кои тоа сте „ПОДГОТВЕНИ“ бе? Ти, Кочо, Рада и Сорос-пропагандата!?

Гркот Зорба и пеколот наречен Егејска Македонија

Едно од најдобрите парчиња од оние (сумарно - траљави) документарци кои до неодамна беа масовно финансирани. Сцените се автентични, за разлика од нашите визионери кои нè убедуваат дека мора да ја прифатиме реалноста. Реалноста? Чисто за потсетување на тоа како изгледала реалноста на Македонците кога Грците беа оставени да ја решат нивната судбина.

Лерин да ни покаже како се чува Македонија

Лерински села, 2017-та. Пичат ора и македонски песни. Похрабро од еден куп активизам во Фиром, али јбг, овде на млади не им е кул, јер нема Че Гевара маици и RATM музика.

Кога те бива, може и црно и плаво

Апостолот на музичките мешапи има ново младунче. Овојпат нема фолк ама резултатот пак е врвен. Ги сошил Блек Сабат и Блонди на таков начин да не може човек штепот да го најде.

Гане на денот

Ој, Македонијо, малодушна и кибарна,
кај ти е без нас алот!

Ристе Тушевски, маестро по хармоника и Фејсбук

Ристе Тушевски е хармоникаш од Валандово (одличен, ќе чуете) кој има уникатен стил на користење на Фејсбук, кој го внесува во топ листата слични ФБ магови како што е Шопето, Коста Бургов, Иван Исцелителот... Ристе има неколку профили (мислиме дека се шест) од кои самиот се спамира и поздравува со таква упорност што друг човек не може на ред да дојде. Легендарни муабети.

ЕКВ во Кичево

Еден македонски Јутјуб канал извади пар драгоцени музичко-документарни бисери. На пример, ЕКВ во Кичево, на Кичевското кале, со полнокрвен концерт во 1992 година! Језа да те фати како било некогаш и кое дно сме сега. Кога ќе сумираш, денес пореално е некако да оживеат ЕКВ, отколку факинг Кичево.

Благој Нацоски до Микис Теодоракис

Маестро Теодоракис, најискрено останав длабоко изненаден читајќи ги Вашите изјави во денешното издание на грчкиот весник Прототема, кои се однесуваат на проблемот што Вашата земја го има со името на мојата татковина.

Поминете кај елките во Сити мол

Убава е таа идеја за новогодишна елка. Наша, ја китиме за нас и најблиските, под неа оставаме подароци за оние кои најмногу им се радуваат. Уште поубаво е кога ќе се сетиш дека постојат и други елки и подароци, на кои ќе им се радуваат некои кои поретко имаат прилики да го прават тоа. 

Скопската Јосипа Лисац

Гледам, од маглава, дури и врапчињата одат пешки. Нозе убиваат од одење. Почитувајќи го предимството на десна страна (или како беше тоа), на улица пропуштам едно стадо врапчиња кое некогаш било јато. Маршираат, пеејќи ја тажната корачница: „Хеј бато, хтела сам летјети, хеј бато, маглу ми пустили”.

Захарче, захарче, толкова си близо и същевременно толкова далеч

Како докажани љубители на милозвучноста и естетиката на бугарскиот јазик, ќе ви пренесеме препев на песната Yess Boss на данскиот музичар Микел Хес. Текстот е јако глуп, се сведува на една евтина алузија (дека тој ќе ѝ го даде микрофонот, хехе), ама за извесен Кънчо греота било тоа да не се долови на бугарски, па споделил во коментар на Јутјуб. И стварно, текстот останува јако глуп ама кога е на бугарски, некако не може да те испизди.