Звуците на Léa Promaja

Таа е звучен уметник од странство со која си ветивме дека ќе ја споделиме (таа нам, ние на читателите) нејзината документарна фикција, реализирана од некој што не гласа овде.

*автор на цртежот: Нардо, карикатурист од Франција

Léa Promaja вели, ова не е целосна анализа  за она што овде се случува во геополитичка смисла. Ова е само нејзиното најсилно чувство добиено со дружење со разни луѓе од Македонија за време на изборите. Некогаш, вели таа, се доволни пет минути да ти остават горчливо чувство во устата.

Откако го слушнавме нејзиниот аудио пејсаж од предизборна Македонија, и ние имаме горчливо чувство, дека сме ѝ оставиле впечаток дека е ова земја во која живеат само а) оние кои се спремни да поткупуваат и да се закануваат и б) оние кои се спремни да го прифатат тоа или да му потклекнат. А на тоа би рекле: Е, па, не е баш така.

Тоа се две толкувања на оваа интересна аудио идеја. Сите останати се ваши:

 

* се препорачува слушање со слушалки

Веб сајтот на Léa Promaja

22 април 2013 - 12:32