Ванковска:

Според Стево, Русите ни го переа мозокот да си го зачуваме името

Го следев интервјуто на Пендаровски. Стево, ко Стево - малку е претседател, малку е американски ученик, малку е као професор по меѓународни односи. Малку адвокат и другар на Фрчкоски, за кој кажа дека иако ја тепал жена му, сепак тоа не завршило со кривична пријава, па не се важи.

Но, многу поважно ми е што и тој, а и Лупевска, се обидуваа да нè' направат неинформирани идиоти. Демек, руската пропаганда и хибридна војна против нас почнала уште од референдумот 2018!

Со тоа ни го одзема граѓанскиот интегритет и националното самочувство и им го припишува на странски пропаганди. Демек, ние кретени не знаеме што ни прават со Преспанскиот договор, и зошто го прават тоа, па Русите дошле да ни перат мозоци! (Патем, Русите ама ИЧ не ги бива за пропаганда, за медиуми, за ен-џи-о-а - ептен сирови и несмасни, ништо не научиле од Западот.)

Потоа, тврди дека паниката и недовербата на македонските граѓани (купување брашно, девизи, гориво) било исто резултат на руска пропагандна војна преку „ботови“, но тоа не важи за преплашените Европјани и Американци - тие не се предмет на пропаганда туку реално страдале од геоекономските последици на војната.

Конечно, ни кажа дека сме фактички (во непрогласена, но можна) воена состојба, ама сме подготвени.

За тоа ли влеговме во НАТО? За да војуваме? Затоа ли сменивме име? Нели НАТО носеше инвестиции, прогрес, економија - и најмногу од сè, безбедност!? Ние како сиромавиот што се фатил за орото, ама тапанот се скинал.

Проф. Билјана Ванковска

12 март 2022 - 10:50