Рацете подобро в џеб да ги држите

ЦИВИЛИ НЕ ТРЕБА ДА НОСАТ НИТУ ЛАТЕКСНИ НИТУ НИТРИЛНИ РАКАВИЦИ, веднаш да се забрани, дури и да се казнува! Свесни ли сте која дисеминација правите со тие ракавици што ги носите со часови? Тоа се ракавици за еднократна употреба, ЕДНОКРАТНА! Не да пазариш и да шеташ со нив цел ден, не за касиерки, насекаде!

Маските што скоро сите несоодветно ги носите и манипулирате, ги допирате со истите тие ракавици, катастрофа!

Не миете раце заради лажно и апсурдно чувство на сигурност кое самото носење ви го дава, а пред се затоа што не се мијат раце со ракавици на нив!

Тоа ќе нè чини животи!

Едноставна е препораката, мијте раце често дури и "компулсивно" , задолжително после каков било надворешен контакт!

Користете дезинфициенси на база на алкохол и сл. секогаш кога не е можно миење на рацете со сапун. Не го допирајте лицето, особено не носот, очите и устата, барем трудете се што помалку. Оние кои кашлаат и киваат, првенствено да останат дома, никој од нас не знае дали е инфициран или не, никој. Кашлање и кивање во внатрешен агол на лактот, никако во дланки.

Препорачувам да броите колку пати миете раце во текот на денот, како стимулација. Пример, во 8 часовно работно време, барем 16 пати, ако имате контакт со повеќе различни предмети, хартија итн. соодветно повеќе.

Гледав ТВ по неколку дена апстиненција, интервјуираа луѓе, СИТЕ ДО ЕДЕН, вклучувајќи го и новинарот, со ракавиците ги допираа маските и лицето, маските им беа под носот, под брадата, цел ден една маска...

Одвратно. Катастрофално. Разочарувачки.

Брзо ќе ги разболете сите лекари, а потоа Исус, Алах, Буда итн. нека ви се на помош!

доктор Ненад Лазаров

5 април 2020 - 14:43