повод:
Писма на читателиРазбирам дека според некаков си договор, треба да има “правична” застапеност на малцинствата (или можеби требаше да употребам еднина?) во државната администрација, но каде навистина живеам јас, која е оваа земја, кој е овој народ?
Од кога во Македонија најуспешни кандидати се само Албанците, од кога националноста стана главен и единствен критериум за вработување во државните институции? Зошто на огласот не беше назначено дека нема да се примаат Македонци? Каква само заблуда!
Конкурирање, интервју, долго исчекување, надежи, на крајот само болно разочарување на младиот човек соочен со безработицата.
Плачам од болка над нашето слепило. Лутаме полумртви, но не водат други...
Стојан
Скриншотови испратени од читателот:
Реакција:
Почитуван уреднику,
Токму ваквите написи се причината зошто не го читам on.net порталот. Овојпат бев наведен и, за жал, си го изгубив времето.Тоталниот недостаток на критериум, на медиумска и политичка култура, ве направија општо место за потсмев меѓу напредните и (од вас, барем) пописмените интелектуалци во Македонија. Јасно ми е дека стандардот кој го поставувавте сите овие години е наменет за навивачи-хулигани, помлади тинејџери и националисти-десничари. Но, има нешто во новинарството што се нарекува само-цензура, добра процена, па - ако сакате - и обична пристојност. Од друга страна, не сте новинари, па ви е простено. Освен она за пристојноста.
Успат, ако се прашувате каде сте промашиле во посочениот напис, да ви нацртам:
Вистинското прашање не е колку Албанци примиле на конкурсот, туку колкав е процентот на Албанци во таа државна институција. Дали е исполнето правилото за еднаква застапеност на другите национални заедници во државните институции? Или, ако сакате да истражите докрај, дали воопшто имало потреба да се вработува било кој во ионака преголемата државна администрација? Но, вие не сакате да истражувате, само бесмислено и без критериум да пишувате недоквакани написи кои прилегаат само на митинг на националистичко-десничарски подземни организации ... А тое е и причината зошто не дозволувате коментари на своите написи.Поздрав,
Ванчо Орданоски
одговор:
Ванчо Орданоски,
Езра Паунд викаше дека човек не треба да го секираат критиките на оние кои не направиле ништо во животот. Да си млад, ќе ти дадев фора. Ти имаше скоро 5 децении да сториш нешто со себе и способностите за кои мислиш дека ги имаш.
Можеби во вторите 5 децении ќе ти тргне. Ти пишувам само за да ти покажам дека не го слушам слепо Езра. И од горенаведените причини, да ти посакам многу здравје и долг живот.
Со години ми пишуваш. Дај молим те симни ми се од меилбокс. Блогирај бледо како што знаеш, блуј гадости за мене и он.нет наоколу, ама симни ми се од сандаче, аман.
Неколку реда за твојот последен допис: Зборот писмото (во темата на меилот) си го ставил во наводници. Колку домишљато. Демек Ванчо е убеден дека воопшто нема писмо ама демек Ванчо сомнежот ќе го мотка во интерпункција. „Остен“ школа, напреден мој. Дај тоа малку похрабро, ако мислиш дека сум го измислиш писмото, кажи го тоа, не боли.
Си го утнал вистинското прашање, основната работа поради која си се мачел да пишуваш.
Процентот на Албанци во таа институција не е вистинското прашање (иако е едно од важните) поради кое го објавив писмото. Вистинското е зошто на конкурсот се тврди дека победиле НАЈУСПЕШНИТЕ кандидати доколку единствената цел била да се пополни квотата од Охридски.
Ако се навело дека се бараат најуспешните кандидати Албанци - пеки. Ама вака, се повикуваат луѓе на конкурс и се наведуваат на помисла дека ги исполнуваат бараните критериуми (хмм, способност? образование?), ама им се крие дека незнаејќи носат и елиминаторен критериум - не се Албанци.
Толку ли си слепец за да не видиш една ваква базична деформација на еден конкурс?
Ванчо Орданоски, објасни ми како ти знаеш што се случува меѓу понапредните и пописмени интелектуалци? Те викаат и тебе кога се собираат, заради максимизирање на контрастот?
до нечитање,
Трендо
декември, 2007
ЕПИЛОГ: После ова Ванчо веќе никогаш не ни пиша :)
*********