Посакувам децата да ви бидат подобри од вас, повеќе вие од нив да се фалите отколку тие од вас.
Ви посакувам добро да ве служат нозете, на нив да минете поголем дел од новата година, да имате повеќе работа отколку време.
Ви посакувам да бидете попотребни на други отколку тие вам.
Да посакувате и можете повеќе отколку што треба, а она што ќе прелие да го поделите со оние кои не можат како вас.
Не земајте многу повеќе отколку што давате.
Мислите на оние на кои ќе мораат да им го земат она што вам ќе ви го дадат.
Ви посакувам да добиете стан ако го немате и да умеете да се радувате ако го имате.
Она што го имате да не биде помало од она што го немате.
На крај, ви посакувам оваа година да има повеќе среќа со вас отколку претходната.
Душко Радовиќ