Го пратиле дедо
Го пратиле дедо вo планина,
мечките да го изедат.
Бреј, бреј, лош дедо, бре.
Ете го дедо кај иде, полна му торба со мечиња.
Бреј, бреј, лош дедо, бре.
Го пратиле дедо на нива,
змиите да го изедат.
Бреј, бреј, лош дедо, бре.
Ете го дедо кај иде, полна му торба со змиичиња.
Бреј, бреј, лош дедо, бре.
Го пратиле дедо на бања,
жените да го избањат.
Бреј, бреј, лош дедо, бре.
Ете го дедо кај иде, полна му торба со женчиња.
Бреј, бреј, лош дедо, бре.