Скандалозно!

Коста Бургов се скара со Даница Максимовиќ!!!

Од секојдневната комуникација со Коста Бургов (за што ве информиравме овде) дознавме дека тој уште ѝ го нема простено гревот што му го направила Даница Максимовиќ (гуглање) кога била во жирито на едно шоу во кое тој важеше за еден од фаворитите. Да пробаме од ова да направиме таблоидна вест, колку да го вежбаме жанрот.


Нов скандал ја тресе балканската естрадна сцена. На јавноста ѝ е многу добро позната тивката војна која со години тлее межу струмичкиот гласовен првенец Коста Бургов и српската актерка Даница Максимовиќ, а сега војната повторно распламти, овојпат на Фејсбук!

Упатените знаат дека господинот Бургов никако не може да го заборави односот на Максимовиќ кон него за врем на неговиот настап на едно талент шоу во кое таа беше во жири. Скандалот се случи пред многу години но не доволно гсоподин Бургов да ја заборави нанесената неправда па отворено и директно ѝ пиша на нејзиниот Фејсбук профил:

По што прецизно објасни зошто мисли така:

Kosta Burgov bio sam mnogu razocaren kad sam bio na ja imam talent vo 209 kad mi nisi dao gle kad si rekla da sofija kloren bude u ziri ke sam vlgov jas sam sa golema lubov peavaosam za starim glumicom grace keli merlin monro natalie wod james den proveri na intrnet tolku mnogu si me ponizila biosam mnogu razocaren.

Максимовиќка проба да изглуми лудило и да се прави дека не знае за што зборува нашиот правдољубив пејач па му постави кратко но некако подмолно прашање:

Cemu takva ogorcenost? Kosta Burgov?

Но, Бургов не се збуни па директно ѝ залепи видео доказ од таа пра- неправда нанесена кон него:

Но, тој не остана само на тоа. Во дополнителниот коментар на нејзиниот пост на Фејсбук напиша и ова:

mnogu mi bilo tesi ovaj period kada s davala ja ima talent kad si rekl sprema mojoj nasta ne toliko mi e bilo teko kada se davalo vo eterot na pink mnogu mi bilo tesi kada si me ponisila jas sam mnogu popolarn vo makedonija na intrnet eve go i mojot spot za elvis.


Естрадата е затечена од ова неочекувано отворање на старата војна меѓу Бургов и Максимовиќ имногумина не сакаат да се произнесат. Разбирливо затоа што актерката важи за многу влијателна и опасна фигура во тој свет па познатите не сакаат да се замерат со неа. Нашата редакција објективно ќе го следи развојот на настаните безрезервно давајќи му поддршка на господинот Бургов, чиј живот е посветен на уметноста, музиката и фотошопот.  

извор: ФБ

28 февруари 2015 - 17:39