Како лови жртви еден македонски педофил

Виртуелните секс заебанции се раширен феномен во ера во која голем број луѓе добар дел од животот го минуваат онлајн. Но, сето тоа станува морничаво кога се работи за сексуални предатори кои на интернет ловат малолетни лица. На овој болесник таргет му се 12- 13 годишни, следи и 16 годишни девојчиња од своето соседство, а на крај станува бесен кога разбира дека соговорничката има дури 21 година. Крајно непријатно за читање, но, не е на одмет родителите и општеството одвреме-навреме малку да се сепнат.

 

Скриншотовите ги добивме на меил, да се нашалиме. По форматот на дијалогот, се чини дека се работи за Мирц чет кој одамна ја изгуби популарноста меѓу македонските интернет корисници, па можно е целиов случај да е стар со години. Но, ако надлежните сметаат дека имаат случај кој може да биде гонет, бујрум, ќе ни биде драго.

17 декември 2013 - 11:02