Јасна Котеска: Мојата морална граница во политиката

Ме повикале зашто сакале малку „буст“ за Преспанскиот договор. Договорот го одбив и едвај чекаа да ме снема од салата во хотелот. Од тој ден до денес, никогаш повеќе ниедна инстанца во земјава ме нема повикано на никаков разговор. Дотогаш ме имаше секаде. Од тој ден ме немаше никаде. Ниеден повик за гостување: телевизија, радио, поткаст, колумна, ништо. Одеднаш ме снема од лицето на Македонија. Што за мене е всушност голем успех.

Добив прашање каков е мојот однос кон УСАИД. Мојот најискрен одговор: Никогаш во животот не сум била носител на проект на УСАИД. Никогаш не сум била дел од проект на УСАИД.

Ова прашање ме потсети на друг настан. Во еден момент, кога Преспанскиот договор беше „на маса“, ме повика тогашниот втор човек на НАТО. Местото на средбата, во хотелот на плоштадот во Скопје. Ова е пред т.н. „референдум“. Имам слика од тој ден, ако некому нешто му значи доказот.

Дојдов. И „НАТО“ дојде.

1) Прва реченица на НАТО гласеше: „Имаме закана од исток“. Буквално така ми рече.

2) Прашав, каква врска имам јас со тоа?

3) Одговори: „Ве повикав бидејќи имате влијание врз општеството, според моите сознанија имате социјални платформи и може да влијаете, па сакам да објавите дека се согласувате Македонија да биде дел од НАТО.“

4) Одговорив: „Не се согласувам да бидам дел од НАТО и за мене е непристојно да ме прашувате да поддржам воена алијанса по ниедна цена. Го одбивам предлогот.“

Имаше правничка од Франција, советник правник од Чешка и други лица на состанокот. Почнав да ги редам сите проблеми со Преспанскиот договор. И побарав од правничката од Франција да ги нотира сите проблеми. Таа се вознемири и ми достави имејл адреса до МНР, во кое ќе се повикам на нејзиното име и да побарам да се поправат сите делови кои ми беа проблем. Јас го зедов листот и се заблагодарив.

Последна излегов од средбата во салата, која траеше подолго одошто беше предвидено. На моето излегување, на запрепастување, видов дека тогашниот американски амбасадор во Македонија, Бејли, седи и чека да заврши разговорот од страна на лицето надлежно за НАТО во МК, за да влезе по мене! Да, амбасадорот на тогашната американска администрација седеше во ходник и чекаше да го примат во салата по состанокот.

Подоцна напишав стотици објави дека сум против референдумот. Македонија треба да влезе во НАТО и да „гази“ земји, деца, жени, цивили, да уништува се' пред себе? За мене е НЕ.

На тој состанок не бев повикана од позиција на политичарка, туку некаков општествен репер, или што и да сметале дека сум. Ме повикале зашто сакале малку „буст“ за Преспанскиот договор. Договорот го одбив и едвај чекаа да ме снема од салата во хотелот.

Од тој ден до денес, никогаш повеќе ниедна инстанца во земјава ме нема повикано на никаков разговор. Дотогаш ме имаше секаде. Од тој ден ме немаше никаде. Ниеден повик за гостување: телевизија, радио, поткаст, колумна, ништо. Одеднаш ме снема од лицето на Македонија.

Што за мене е всушност голем успех. Во старите скрипти има правило.

Човек треба да остане доследен на себеси.

Човек не смее да ги изеде своите зборови.

Човек не смее да ги пречекори своите невидливи граници.

Мојата граница, видлива и невидлива, отсекогаш до денес е една. Мојата природа не е дел од идеологии кои убиваат луѓе, деца, жени, мажи, срамнуваат градови, уништуваат светови.

Сите ќе си одиме од овој свет. Сè' се чисти, но образ кој е извалкан НЕ се чисти. Ете, тоа е мојата објава.

Срдечен поздрав и многу љубов до сите.

Јасна Котеска

П.С. Ова е мојата најтешка објава откако отворив ФБ до денес, а верувам и засекогаш. Благодарам за сите кои ја прочитавте.

24 февруари 2025 - 20:18