Интеграциски тенџериња

Овој, Herr Asimov, казакстанецот под вас, има пет деца, од кои три ги „шлепа“ во станот наменет за четиричлено семејство. Знаеш и самиот дека киријата му е целосно покриена од државата. Врз база на дадени лажни фамилијарни податоци на институциите. Срамота, Herr Poposki. Покрај социјалното, зема и по 250Eur месечно за секое дете. Од в година, 255. А тој, мажот, главата на семејството, ништо не работи.

Остри погледи на автобуската постојка од локалниот ултра-десничар затоа што неговото убедување е дека ти си паразит, закачен на државна цицка којшто има 35+ дена боледување годишно и зема „дебело“ социјално. Ме мери од глава до пети затоа што мисли дека имам 3-4 деца по дома за кои земам додаток и жена која е домаќинка и не работи. И да, минимум 50% од киријата за станот ми е покриена од „трудот“ (прилепски безвременски израз за биро/агенција за вработување).

Си размислувам во себе. Не си ти од тие, ама што разбира Клаус од длабоко орање. Му закочил плугот од нискоквалитетна вотка и квази-јегермајстери од 0,2л. Оние, евтините, што сакаат да те шармираат со поглед додека чекаш да платиш на каса. Додека тој го спрема жилетот да си ја избричи главата секое утро, сите нас нè става во ист кош. Исто тенџере. 

Исти ауслендерски гомна сме сите. При вакви Клаус-констатации, т.е. клаустации, често се потсеќам на муабетот со црвенокосата госпоѓа во поодминати години од мојата зграда во Кобленц, Frau Münzel-Bock. Секогаш тип-топ средена, администратор на станарите, наоружана со соодветни, топли, зборови и совети при секоја наша „лифт-средба“. Нетипична „чиста“ Германка, елоквентна госпожетина, која им пркоси на предрасудите за швабите. Се истакнува физички, висока женетина преку 175см, скоро секогаш со свежо исфарбана црвена коса и мисловно, со бабска емпатија, емоционална интелигенција што знае да реагира соодветно во секоја прилика. Далеку над просечната германска Корина, вечно со несредена, а богами и често мрсна коса, последно нашминкана од матурската вечер, а може ни тогаш. За емпатијата и емоционалната интелигенција на Корина, не вреди уста да отворам, т.е. дигитално мастило да трошам. 

Може сум се препознал во одредени постапки на Фрау Мунзел, затоа и ми е драга. Да пркосиш на системот и неговиот отпор во безброј наврати, да си го „тераш патот“ според свои убедувања и притоа да останеш присебен и приземјен при секоја несекојдневна ситуација. Само стави германска граматика, културна, социјална и секој преостанат тип на интеграција, транзиција од балкански кон западноевропски структури и вредности on top of it. Нејсе, не целосна транзиција, не за сите вредности. Има fine tuning и тука. 

А, да, да се вратиме на elevator pitch на Frau Münzel.

М: „Herr Poposki, многу убаво јас ја согледувам и ја резонирам цела ситуација“
Љ: „Каква ситуација, Frau Münzel?“
М: „Ех, каква. Па културно интеграциска, е таква, млад господине. Овој, Herr Asimov, казакстанецот под вас, има пет деца, од кои три ги „шлепа“ во станот наменет за четиричлено семејство. Знаеш и самиот дека киријата му е целосно покриена од државата. Врз база на дадени лажни фамилијарни податоци на институциите. Срамота, Herr Poposki. Покрај социјалното, зема и по 250Eur месечно за секое дете. Од в година, 255. А тој, мажот, главата на семејството, ништо не работи. Вечно на боледување. Жената ја носи цела фамилија на грб!“
Љ: „И државата, Frau Münzel, и државата, значи и вие и ние ги носиме малку на грб. И ве молам, Љупчо?“
М: „Е, баш така, а од друга страна, вие, кои работите откако сте завршије студии на странски јазик во туѓа земја, немате ниту еден ден да сте биле невработени, а за тоа плаќате на државата преку 40% данок од вашите примања. Па не може да ве ставаат сите странци во исто тенџере Љупчо, не е фер!“ Само благо се насмеав и и ́реков:
Љ: „Така е, но има многу полоши ствари на светов, Frau Münzel. Не се жалиме ние, не е фер, ама нејсе. Германија била и останала социјална земја. Да има за сите, кога нема за едните, другите да го покријат тоа, преку дел од данокот, во случајов“
М: „Да, јас го оправдувам, ама боли Љупчо, и нас Германците нè ́боли кога гледаме до кој степен се злоупотребува тој наш систем, направен за севкупен добробит на сите. А примери како Asimov, каде и да се завртиш!“
Љ: „Така е, Frau Münzel, ама и тоа ќе се среди, се во свое време.
М: „Мора Љупчо, мора!“ 

Го напушти лифтот, тропајќи со црното бастунче и погледнувајќи ме длабоко со нејзините гоеми очи. Поглед на недокажаност. Знае дека знам што мисли. Не смее гласно да го каже тоа. Си носи друго бреме таа нивна генерација и поради тоа уште им се затворени устите на многу теми. 

Но, на поновите генерации, не им се. Јасно си го кажуваат својот став и што им смета од дојденците. 

Asimov & family беа депортирани во ситни саати. Типично германски, дискретно, да не паѓа во очи. One way ticket за Astana. Нека, со право, правилата треба да бидат исти за сите. Ние сме гости кај нив, тие ги сетираат истите. 

Но, нека земат повеќе тенџериња в предвид. Поголеми, помали, со поклопец, без. Rostfrei, зарѓани, you name it. Во германската кујна има место колку ти душа сака.

Базирано на вистинска приказна.
Љ. 23.03.2025

25 април 2025 - 22:13