
Организаторите на конкурсот сакаат да ги охрабрат луѓето од градот наместо вода од пластични шишиња, да ја пијат чистата и здрава вода од виенскиот водовод.
Пристигнале вкупно 170 различни дизајни на шише од цел свет, меѓу кои и она на нашата Јасна.
Регионалната конкуренција (Србија и Црна Гора) е засега подобро организирана па шишето на Јасна моментално е трето со 281 гласа.
Ама, не сме ние мутави, нели?
Линкот за гласање е ТУКА.
Австријците (тоест Фејсбук), бара прво да им лајкнете страница, ама не е страшно. Шишето на Јасна е во делот 'галерија', на четвртата страница (во моментов).
Виена, на здравје нека ви е водата.
поздрав од Македонија