Да им отвориме бавча?

Пазете увод на еден текст: "Низ секојдневниот метеж од луѓе и возила во кој секој вработен брза да стаса до работното место, студентот до универзитетот, ученикот до училиштето а невработениот во потрага за парче леб, да ја понуди неговата работна сила на некој од пазарите, никој не обрнува внимание ниту пак наслутува дека за миг може да биде изненаден од тап удар на некое забрзано возило, да стане учесник во сообраќајна незгода или жртва на асфалтот".

Што мислите, од кај ни е ова? Од писмена на некој основец, од средношколски блог, од Фејсбук профил на некој што клика лајкови на Семе Синапово?

Да можеме да се кладиме дека никогаш нема да погодите, одма би се кладеле.

Пошто не, ве носиме директно кон мистериозниот литерат склон кон нежни метафори.

п.с. Не можевме цел текст да го прочитаме, од она што го ѕирнавме, најголем впечаток ни остави следново откритие:

Патниот сообраќај, без сомнение е од огромно значење за општеството во кое живееме.

29 јануари 2014 - 11:40