Апликацијата "Делфина" е Андроид апликација наменета првенствено за децата со посебни образовни потреби, децата со аутизам, за децата/учениците кои имаат пречки, отстапувања во говорно-јазичниот развој, имаат развојни и индивидуални потреби за помош и поддршка во однос на усвојувањето на буквите, броевите, боите и формите.
Зад „Делфина" стои студиото "Бест Солушн" а е производ на шеснаесетгодишното работно искуство на м-р Елена Ташкова вработена како дефектолог – логопед во ООУ „Гоце Делчев"- Штип, како и двете млади дами, Симона Андонова (10 години) и Викторија Андонова (6 години).
Раширете ја приказнава за таа да стигне до што повеќе деца, и на тој начин да им помогне во развојот на говорот и јазикот и усвојување на буквите, броевите, боите и формите како основа за когнитивниот развој на детето.