Бизнисот оди како подмачкан

Чисто за да не се секирате, бизнисите со марихуана, за кои поделија лиценци на одбрани фирми (наместо поштено да ја легализираат таа земјоделска дејност и социјалдемократски да го дистрибуираат приходот на широк слој луѓе) им одaт одлично. Ние ќе јадеме увезени патлиџани, тие ќе извезуваат масло од канабис во Велика Британија.

„Уште малку тривија од Македонија. Иако Британија е најголем извозник на медицински канабис во светот, ние го увезуваме легалното масло од канабис од Македонија“.

Абрахам Јичок Волтерс, советник во општината Салфорд кај Манчестер.

*************

„Одгледувањето марихуана може да го обнови земјоделието и да им помогне на земјоделците кои едвај врзуваат крај со крај. Или пак да им ги наполни џебовите на ионака моќните и богатите. Кој пат ќе се фати, се одлучува рано во процесот. Погледнете кој зема лиценци и ќе ви стане јасно што е одбрано кај нас“, пишавме во статијата „Некому мара, некому маќеа

15 јуни 2021 - 14:31